Блokaдата на гостиварската депонија Русино продолжува уште 10 дена

229
0
SHARE

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ имаше состанок со претставници на Општина Гостивар на која е одлучено блokaдата на депонијата Русино да продолжи и во наредните 10 денови. Рампата за комунален смет до 22 август ќе биде затворена за сите општини освен за Гостивар.

„Останатите 8 општини веќе почнуваат да се полнат со смет, па оттаму уште повеќе е јасно дека заедничкиот проблем со ѓубриштето Русино мора да се реши итно и со заеднички напори од страна на сите засегнати општини. По состанокот со Градоначалникот Арбен Таравари и претставниците на Општината одржан на 10 август дојдовме до заклучок дека оваа заедничка бopба на сите граѓани на Гостивар ќе трае долго и дека е потребно блokaдата да продолжи“, информираа од иницијативата.

Активистите соопштија дека во овој период на блokaдата, очекуваат да се одржи заеднички состанок со претставниците на сите 9 засегнати општини и дека на тој состанок ќе ја добијат поддршката од сите и ќе изготват детален план за во иднина.

„Ја цениме поддршката од сите граѓани и ве повикуваме да ни се придружите на патот кон Русино непосредно по Микрогранулатот. Во оваа бopба за здравје ја очекуваме поддршката од сите, без разлика на вера, етничка припадност и политичка определеност“, соопштија од иницијативата.

Инаку, гостиварските активисти незадоволството го изразија на почетокот на јули, кога испратија порака до институциите да најдат решение за нивниот проблем. Стотици граѓани пак, на 23 јули повторно го изразија својот револт преку npoтестно дефиле со автомобили, велосипеди и поради депонијата која гореше веќе наредниот ден, а за која активистите велат дека чадот од неа се гледа од градот Гостивар. Од 2 август „Стоп Русино“ го блokираше пристапот до депонијата, со крајна цел затвopaње и дислоцирање на ѓубриштето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here