Богдановиќ и Шиповиќ лажат не се 500.000, туку над 800.000 евра за К.К. Работнички од граѓаните на општина Центар?

526
0
SHARE

Во изминатите неколку денови Инфоњуз ја информираше јавноста за случувањата околу спонзоството кое верниот навивач на К.К. Работнички, Саша Богдановиќ им го наметна на граѓаните на општина Центар и на советот на општината.

Да потсетиме дека се зборуваше за сума од 500.000 евра, пари кои оптшината треба да ги додели на клубот за да тој повторно се врати на славните патеки.

Граѓаните на Центар остро реагираа на овој предлог и одлука, пред се поради фактот што општината има многу посериозни пробллеми кои треба да се третираат, како на пример аерозагадувањето за кое општината одвои едвај 60.000 денари.

По расправата на советот на општина Центар на која се усвои одлуката да се доделат средствата на клубот до Градски Парк, без притоа да се презентира финансискиот извештај од претходните години за работењето на К.К. Работнички, Инфоњуз успеа да дојде до предлог одлуката на која што јасно се гледа дека не станува збор за 500.000 евра, туку за сума над 800.000 евра, пари од џебот на граѓаните на Центар

Ако се собере вкупниот износ на средствата кои Работнички ги побарува се доаѓа до следниот износ

37.200.000+2.800.000+820.000+1.573.150+754.000+3.619.500+2.500.000=

49.266.650 милиони денари, ако оваа сума се подели со средниот курс на еврото од 61.5 денари се добива неверојатна сума од 801.084 илјади евра.

На почетокот од дописот од финансискиот план на К.К. Работнички јасно стои дека клубот очекува и планира приходи од 49.424.440 милиони денари

ако се одземат сумите 49.266.650-49.424.440 се добива износ од 157.790 илјади денари, пари кои клубот од Градски Парк ќе ги обезбеди од други извори(спонзорства, донации итн.)

Ова јасно укажува дека Богдановиќ и советниците од општина Ценар кои го одобриле финансискиот план за К.К.Работнички свесно и намерно ги лажеле граѓаните на општина Центар.

Инфоњуз претходно обелодени дека ставката планирана за туристички агенции изнесува околу 40.000 евра, но од овој финансиски план јасно се гледа дека сумата е зголемена и за оваа потреба ќе се потрошат неверојатни 60.000 евра, а клубот настапува само во домашното првенство.

Првата македонска лига брои 8 клубови, од кои 6 не се од главниот град. Зар е можно да се потрошат толкава сума на пари за 6 патувања до Куманово, Кавадарци, Струмица, Охрид, Битола и Гевгелија?

Поранешниот претседател на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ во неколку наврати остро го нападна сегашниот градоначалник на општина Центар и Голем навивач на Работнички на својот личен Фејсбук профил, но очигледно по притисоците тој го деактивирал. Очигледно дека и тој или не бил информиран за точната сума или само бледо опонирал на сумата која беше пласирана во јавноста. Инаку тој напиша:

во друг пост тој изрази сомнеж околу начинот на кој се исплаќаат играчите во клубот.

“Aj giv ju 8000 euro, ju giv mi 3000 euro” plata za stranski igrac, стоеше на неговиот Фејсбук профил.

Граѓаните на општина Центар се целосно изманипулирани и измамени? Нивните пари се користат за непродуктивни хирови на индивидуалци кои очигледно дебело ќе се омрсат од оваа зделка. Штета што клубот од срцето на Скопје се користи за вакви работи и се валка негововото реноме.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here