Богоев да се фати за работа, помалку да се расправа и препукува со Јакимовски

482
0
SHARE

До редакцијата на Инфоњуз пристигна допис од загрижени граѓани на општина Карпош кои заедно со фотографиите кои ни ги доставија се пожалија на условите и работата на актуелниот градоначалник Богоев.

На фотографиите повеќе од јасно се гледа дека зеленилото во Карпош воопшто не се одржува и се запушта.

“До градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, да се фати за работа и да ги извршува тековните работи и задолженија кон граѓаните на Карпош и општината. Помалку да се расправа и препукува со неговиот претходник Јакимовски.

Ова на ништо не личи, тревните површини во Козле се целосно запоставени. Тревата на јавните површини е запуштена и нарасната скоро метар, дрвата сеуште не се поткастрени. Можеби ве изненади зимата, ваљда не и пролетта” – стои во дописот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here