Богоев не може да ги реши проблемите на жителите на Карпош а за тоа е крива власта! Сведоштво на здруженија и загрижени граѓани

912
0
SHARE

До редакцијата на Инфоњуз стигна известување од иницијативата “Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ како поминале на средбата со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме известувањето

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СРЕДБАТА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ СТЕФАН БОГОЕВ

Средбата се одржа денес, 04.01.2018 г., со почеток во 09:15 часот и траеше до околу 10 часот.
Како претставници на групата „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ учествувавме Лидија Темелковска, Тони Никушевски и јас (Петар Бошевски).
Во ова известување ги наведувам моите согледувања и впечатоци, а се надевам дека Лидија и Тони ќе ме дополнат со свои.
Она што сакам да го наведам како резиме на целиот муабет со градоначалникот Богоев се неколкуте реченици што тој ги искажа на самиот почеток од разговорот. Ова што следува не е буквален цитат на тоа што тој го кажа, туку е комбинирано со мои интерпретации на кажаното:
Во државава имаме систем кој не функционира. Општините не постојат сами за себе, туку се дел од еден голем а нефункционален систем. Односно систем кој функционира на база на лични врски и пријателства и на база на телефонски ургенции, а не на база на закони, стручност и професионалност. Системот на тоа дереџе го доведе претходната власт, а новата власт не може така лесно да излезе од него. Што значи дека и натаму слабо оди соработката и координацијата на сите нивоа од власта. Таа соработка не оди како што е предвидено со законите, туку на база на телефонски ургенции на раководните лица. Во многу работи Општината зависи од Град Скопје или од некое јавно претпријатие, министерство или Владата. За да се реши еден банален проблем, треба по незнам колку пати да се ургира кај градоначалникот на Скопје или кај директорот на некое јавно претпријатие, во некој инспекторат, во МВР или некое друго министерство. За секој нов проблем приказната почнува одново: ништо не функционира по автоматизам на систем, туку по принципот на лични врски и ургенции. Тоа што власта е во рацете на луѓе од една партија, кои се знаат и кои се упатени на тоа да си помагаат, не помага многу за да се смени системот. Имаме нова власт, но нов систем на функционирање на власта не е воспоставен. Стариот систем и натаму си меле по старо.
Имавме долга листа на прашања за кои сакавме да разговараме, но времето беше кратко и успеавме да начнеме само некои од темите. Следува информација за некои од поконретните прашања за кои разговаравме.
1-Според градоначалникот Богоев, наскоро ќе се одржи средба на претставници од локалната и централната власт со цел да се разгледаат можностите за забрзување на процесот на гасификација на државата.
2-Кај локалитетот Момин Поток, до сега на два пати биле вршени мерења на загадувањето, но наодите биле во границите на нормалното.
3-Се разгледува идејата да се набават 200-300 мерачи на загадувањето на воздухот, кои би се распределиле по разни објекти во градот. На тој начин би се добила појасна слика за тоа од каде доаѓаат загадувањара и кои се изворите. Во втората фаза на овој проект би можеле да се инсталираат мерни инстрменти и на такси возилата.
4-Според анализите што ги направила некоја интерсекторска работна група, во која влегло и граѓанското здружение О2, главните загадувачи на воздухот биле домаќинствата и сообраќајот.
5-Еден од проблемите во реализацијата на паркот во Карпош (на потегот од Хотел Александар Палас па нагоре) било и тоа што тука имало доста парцели кои биле мешавина од државна и приватна сопственост, при што сопствениците кои имале минимум 30% на сопственост имале право да приватизираат (откупат) од соседното државно земјиште. Ова е „заоставштина“ од предходната власт, која донела такви закони кои се во прилог на лесна приватизација на државно земјиште, а сега се проблем за остварување на идејата за паркот.
6-Колегата Тони Никушевски укажа на проблематичноста на потегот на Општината да се купуваат пречистувачи на воздух за градинките, бидејки тие практично скоро ништо не помагаат, а создаваат озон, кој е штетен.
7-Тони укажа и на несоодветноста на параметрите со кои кај нас се следи загаденоста на воздухот. За да се одреди таа загаденост не е доволно само следењето на честичките PM10 или PM2,5. Постојат и други анализи кои треба да се направат за да се добие реална претстава за загадувањето на воздухот.
7-Во однос на напорите за лоцирање на загадувачите на воздухот, Тони укажа дека методите кои сега се применуваат кај нас се многу застарени и неефикасни (вклучително и она подобрување кое го спомна градоначалникот, за поставување на 200-300 мерни инструменти по објекти низ градот) и предложи купување на еден ралативно ефтин а многу ефкасен систем, кој со помош на 6 дронови (и инструменти поставени на нив) би можел лесно и брзо да ја надгледува целата територија на град Скопје.
8-На крајот од разговорот потсетив дека, неодамна, на состанок на градоначалниците на скопските општини, градиначалникот на Скопје, Шилегов побарал од другите градоначалници да не донираат дрва за бадникарски огнови. Воедно инсистирав на тоа, Општина Карпош да побара од МВР да ја контролира ситуацијата на терен, за да нема палење на такви огнови. Градоначалникот Богоев ја подржува идејата, но изрази резерва во однос на тоа како ќе се однесува МВР.
9-Бидејки доста теми од мојата листа за овој состанок (која ја имав напишано и отпечатено) не стигнавме да ги отвориме, градоначалникот побара да му ја оставам, за да може да ја има како потсетник, и јас му ја дадов.
За крајот на ова известување, една сугестија од мене до членовите на групава „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“. За да нема меѓусебни префрлања дека се едни исти одат на состаноците со градоначалникот (па дали добро си ја завршиле работата или не), предлагам некоја друга група од 2-3-ца уште сега да поднесе барање за следната средба, ако сака терминот да го добие за месец дена или повеќе. И никако да не одат повеќе од тројца, бидејки тогаш дискусијата се расплинува и резултатот е послаб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here