Бојкот на наставата во ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во Ѓорче Петров поради смена на наставниците

797
0
SHARE

Во основното училиште ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски“, општина Ѓорче Петров учениците нема да ја посетуваат наставата поради смена на одделенските наставници за целодневна настава.

Реакцијата на родителите се темели на ненајавената смена на наставниците за време на зимскиот распуст и бараат нивните договори да се продолжат барем до завршување на школската година.

Инфоњуз дознава дека во ова училиште работат 10 наставници со договор на определено работно време, а на 5 од нив договорот не им бил продолжен.

Од овие 5 наставници двајца се наставници во исто оделение со што децата се соочуваат со вистински шок и притисок на адаптација среде школска година. Станува збор за деца во рана возраст кои штотуку се поврзале и го започнале своето образование.

Родителите сведочат дека во ова училиште постојано се вршат промени на наставници, така што во една паралелка за време од три и пол години се сменети дури петмина наставници.

„Ние родителите, револтирани од ваквата ситуација, свесно и на штета по нашите деца, се одлучивме на непопуларен чекор – бојкот на настава, од причина што никој од релевантните фактори нема слух за нашиот проблем. Во очекување сме на средба со г-динот Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче Петров, на коja што ќе побараме одговори на сите прашања во врска со ваквите кадровски решенија, кои во последните неколку години, за жал, станаа заштитен бренд на нашето училиште“, се вели во реакцијата на родители на ученици од ООУ ,,Димитар Поп Георгиев – Беровски“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here