Бројот на заболени од коронавирус расте: Денес 54 откриени само во Систина

363
0
SHARE

Со зголемувањето на интензитетот на тестирањата со т.н. брзи тестови, се зголеми и бројот на позитивни резултати. „Аџибадем Систина“ позитивните ги препраќа во Институтот за јавно здравје, да се проверат со молекулани тестови, доколку сакаат.

Денеска (1 април) во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.

Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со симптоми за инфекција.

Денешниот извештај покажува значително зголемување на процентот на позитивни резултати. Позитивните пациенти се проследуваат во Институтот за јавно здравје да побараат дополнителна проверка со молекуларни тестови, доколку сакаат.

Извор ПлусИнфо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here