Бројот на загинатите се зголеми на 14 лица, утре и задутре национална жалост

583
0
SHARE

Уште едно повредено лице од страотната собраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово кое било хоспитализрано во болницата 8 Септември им подлегна на повредите со што бројот на загинати се искачи на 14 лица, а шест се борат за живот, информираше премиерот Зоран Заев по вечерашната вонредна седница на Владата.

Заев кажа дека е донесена одлука утре и задутре, односно 14 и 15 февруари да бидат денови на национална жалост во Македонија.

„Тешка ноќ, полна со неизмерна болка и тага. Немам зборови кои можат да бидат доволна утеха за семејствата на нашите сограѓани кои вечерва трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа”, рече Заев.

Тој најави дека утре ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.

Извор МКД

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here