Бучковски во Софија на средби со Каракачанов, Захариева, Борисов и Радев

267
0
SHARE

Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија.

Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.

По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи.

Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а в четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.

Универзитетскиот професор и поранешен премиер Бучковски Владата минатата недела го назначи за специјален пратеник во Бугарија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here