Бучковски во Софија оствари средба со истакнати културни дејци од Бугарија

132
0
SHARE

Специјалниот пратеник на Владата на Република Македонија Владо Бучковски оствари работна средба во Софија со истакнати културни дејци од Република Бугарија, на која соговорниците изразиле согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока.

На средбата, која се одржа вчера во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, во услови на почитување на сите мерки за справување со пандемијата од КОВИД-19, присуствувал и директорот на КИЦ Сашко Насев.

На средбата, како што информираат од КИЦ, соговорниците постигнале согласност дека развојот на културно-уметничките односи меѓу двете држави се одвива во добра насока, но дека е потребно збогатување со конкретни проекти и интензивирање на средбите меѓу луѓето од областа на уметноста и културата, а било истакнато и дека преку областа на културата и контактите ќе може да се очекува најмногу позитивизам во меѓуодносите на двете држави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here