Бугарската пратеничка Ирена Атанасова: Сорос ги искривува историите на балканските народи. Зошто да не го спомнуваме фашизмот?

441
0
SHARE

Новиот учебник по историја во Бугарија за 10-то одделение ги руши сите рекорди во соросоидна манипулација на бугарската историја. Материјалот во предметниот учебник така грубо и дрско го фалсификува периодот од 1944-1989 година, просто да се чудиш дали раскажува за Бугарија или некоја друга земја. Учебникот беше наметнат од “Амарика за Бугарија” и покрај противењето на многу бугарски наставници и научници-историчари. Овој период мора да биде проучен длабоко, бидејќи тоа е контрапункт на денешниот живот. Проблемот е што дозволивме на една мала група “експерти” подготвувани во САД по програми на Соросовите НВО-та и “случајно” назначени творци во Бугарскиот образовен систем, пратеници на некои финансиери од реформски партии во САД, кои не можеа дури и да влезат во парламентот, да наметнат едностранo, тенденциознo и политизирано читање на нашата историја. Тотално искривена, со многу премиолчени вистини и фалсификации.

Пратеничката Ирена Атанасова од БСП со право забележа: Во новите учебници, историјата зборува за комунистичка диктатура, но зошто да не го спомнуваме фашизмот? Јавно причината е дека про-американската власт кај нас сака да ги постигне следните цели:

Децата треба да заборават дека нивни врсници како оние од Јастребино беа застрелани од фашистите за тоа дека им помагале на партизаните. Оние истите бугарски фашисти кои ги натераа нашите родители да поминат низ плоштадот за да ги видат мртвите тела на герилците или нивните исечени глави. За отсечена партизанска глава “нефашистката” власт пред 44-та година плаќала по 50 000 лв. И исплатила по оваа ставка вкупно 63 милиони левови. А убиените 10.930 цивили граѓани и роднини на партизани? Неверојатно е како Бугарија може да биде примена во ЕУ, кога таа е единствената земја во Европа која не ја признава антифашистичката борба!

Во учебниците веќе нема ниту збор дека нашата судбина беше решена од Големите Сили на валкана салфетка. Наставната програма ја воведува темата “советска окупација” и “советизација” на нашата земја. Но нашите деца така и нема да научат дека ако територијалните претензии на Грција и барањата на Турција и Југославија по 45-та година беа задоволени, нешто на што инсистираа победничката САД и Англија, денеска територијата на Бугарија требаше да биде барем една третина помала. Овие тврдења беа отсечени благодарение на цврстата позиција на советската делегација и лично на Јосиф Висарионович Сталин. Да, благодарение на СССР и Сталин, Бугарија не губи ниту еден сантиметар земја како поразена држава од Втората Светска Војна, за разлика од фрагментираната Унгарија, на пример.

Во новиот учебник по историја, нашите студенти ќе научат за историски факти како “Народен суд”. Бидете сигурни дека соросоидните историчари не напишале во учебниците ништо за тоа дека Народниот суд беше наметнат на Бугарија од победниците во војната- од САД и Велика Британија, а не од некакви комунисти. Како резултат на овој договор во другите европски земји Народните судови изрекоа смртни казни на илјадници: само во Белгија – 53 илјади убиени фашисти, во Холандија – 45 илјади, во Чехословачка – 38 илјади, во Данска -15 илјади, во Франција – 60 000 итн. Во Бугарија, “Народниот суд” изрече 2.730 смртни казни. Но, меѓу 1941 и 1944 година, фашистичката власт изведе 12.461 смртни казни врз бугарските комунистички антифашисти.

Се разбира, дека младите генерации треба да знаат за концентрациониот логор “Белене” и за “Процесот на обнова”, но целата вистина.

Концетрационен логор Белене

Таа ја цитираше професорката Искра Баев која исто така го изрази своето незадоволство: “Ако продолжиме со еднострано презентирање на историјата, само од политичка гледна точка на владејачите во моментов, има опасност да дојде до тоа никој да не верува на историјата, бидејќи од учителка на народот се претворила во слугинка на политиката”.

Пратеничката Ирена Атанасова додаде и дека во останатите земји на балканот се фалсификува и искривува историјата, едноставно Соросовите организации изиграваат богови и на големо се инсталираат во државните институции и позиции преку чие влијание се искривува природниот тек на настаните и историјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here