Бујар Османи: Законот за јазици следната недела ќе се објави во Службен весник

351
0
SHARE

Вицепремиерот Бујар Османи, екскузивно за телевизија Алсат-м ја потврди информацијата, потенцирајќи дека законските процедури ќе бидат почитувани.

Една година по усвојувањето во Собранието, конечно се очекува Законот за употреба на јазиците да стапи на сила, со објавување во Службен весник дури и без потписот на претседателот Ѓорге Иванов.

– Добра случајност е, што на истиот ден 11 јануари, беше донесен Законот за употреба на јазиците и на 11 јануари се изгласаа и уставните измени. Но, она што е уште поубаво, е тоа што очекуваме следната недела, претседателот на Парламентот да го формализира Законот за употреба на јазиците, целосно ова во рамките на законот и Уставот, со што и почнува официјалната примена на албанскиот јазик во централните институции, рече Бујар Османи, заменик-премиер за европски прашања во изјава за телевизијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here