ЧАИРСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СО ОСТРА ПОРАКА ДО „СЕБИЧНИОТ“ ШИЛЕГОВ:Вашата вознемиреност на прагот на предизборната кампања е навистина за жалење!

87
0
SHARE

Сведоци сме на фактот дека колку повеќе се приближуваме до избори толку незрели стануваат изјавите на политичките експоненти. Последно, една таква изјава даде градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој на инаугурацијата на кружниот тек во близина на поликлиниката во Чаир, кажа дека Општина Чаир нема инвестирано воопшто за изградбата на овој кружен тек, реагира градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

Неговата реакција ја пренесуваме во целост:

Како одговор спрема наведената институција и за пошироката јавност која верува во великодушноста на г-дин Шилегов и не во фактот дека овој проект се реализираше со парите на граѓаните на Чаир, ви ја проследуваме оваа РЕАКЦИЈА, реферирајќи за вистината преку докази и факти бидејќи недокажаниот збор за нас не претставува вистина!

Почитуван градоначалник на Град Скопје, ве потсетуваме дека Општина Чаир преку даноци и придонеси на граѓаните го има наполнето буџетот на институцијата која ја водите со вкупно 1.864.901,00 евра во 2018 година, со 2.533.409,00 евра во 2019 година и до мај во оваа година со околу 585.015,00 евра. Па така, каква е таа раскажана сторија од ваша страна денес дека Општина Чаир го нема финансирано овој проект, па дури и се чудите со нашиот искажан ентузијазам за кружниот тек во Чаир, кој проект иако беше предвиден да заврши со буџетот од првата година на вашето владеење, денес доаѓа задоцнет после три години па затоа дури и се чувствувате горди.

Почитуван градоначалник на Градот, ексклузивноста на заслугата за ова и секој друг проект им припаѓа само на граѓаните на оваа држава, како редовни даночни обврзници. Ние ја разбираме вашата вознемиреност на прагот на предизборната кампања, меѓутоа да останете со крената глава пред фактите кои ве прават ДОЛЖНИК кон граѓаните и Општина Чаир, е навистина за жалење!

Ве потсетуваме дека и покрај нашите настојувања и барања за реализација на повеќе проекти, сте се покажале незаинтересиран, почнувајќи ги истите па потоа игнорирајќи ги, а овој факт највеќе зборува за вашиот концепт “Едно општество за сите” позади кој претендирате дека сте ангажирани.

Пофалбата со овој проект кој ја опфаќа и Општината Бутел, покажува дека реализираните проекти во Чаир од ваша страна недостасуваат!

За крај и коректност, Ви сугерираме да го прочитате, Законот за Град Скопје за начинот на финансирање и финансиските извори, како и заедничкиот фонд ма Градот Скопје и општините во рамките на Градот.

ЗНАЧИ ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ ДО КРАЈ за тие 5 милиони евра на граѓаните на Чаир да се претворат во КОНКРЕТНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ, бидејќи игнорираната ваша обврска не претставува причина за вие да бидете горди!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here