Чајот од липа го стимулира и интезивира потењето

572
0
SHARE

Чајот од липа дејствува како диуретик и го стимулира интензивното потење. Во народната медицина, липата се користи против настинки, грип, кашлица, инфекции на грлото, треска. Поради седативниот ефект, се препорачува и за релаксација на мозокот и нервите, против замор, главоболка и како предок во третманот на епилепсија. Липа се препорачува и за жени за време на менопауза во случаи на напнатост и несоница. Исто така, чајот од липа може да ублажи некои симптоми на постменструалниот период.

Во претстојниот период многумина почнуваат со подготовките за летото, па така за интезивно потење и ослободување од токсините во организмот по природен пат, препорачливо е користење на чај од липа да се конзумира четиресеттина минути пред физичка активност или фитнес тренинг.

Чај за поттикнување на потењето

Потопете една мала лажичка цвет од липа во 250 милилитри врела вода. Поклопете го садот со течнста и оставете да се излади од прилика два часа. Потоа, исцедете ја течноста(чајот) од остатоците во садот. Можете да го конзумирате млак или врел за поголем интензитет на дејството. Се препорачува три чаши од овој чај да се земаат дневно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here