Чапутова гo победи кандидатот на социјалдемократите и стана претседателка на Словачка

363
0
SHARE

Либералната 45-годишна адвокатка Зузана Чепутова победи во саботата на претседателските избори во Словачка, станувајќи прва жена на претседателската должност во историјата на оваа поранешна комунистичка централноевропска земја а е петтиот шеф на државата по стекнувањето независност во 1993 година

Чапутова во вториот круг од претседателските избори освои 58,4 отсто од гласовиет, додека 52-годишниот земник претседател на Европската комисија за енергија Марош Шевчович независен кандидат поддржан од левата партија Правец–социјални демократи освои 41,6 отсто од гласовите. За Чапутова особено масовно гласале избирачите во престолнината Братислава и Братиславскиот округ, со дури 73.74 отсто.

Својот говор по прогласувањето на победата го започна заблагодарувајќи им се на гласачите на словачки и на јазиците на националните малцинства: унгарски, чешки, русински и ромски. Порача дека има намера да работи во интерес на сплотување на граѓаните на Словачка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here