„Чедата живи да ви ги запалат, вие сте мртви копилиња“: Грозоморни закани до новинарите од КУРИР, БАРАМЕ ИТНА РЕАКЦИЈА ОД НАДЛЕЖНИТЕ!

465
0
SHARE
Фото:Курир

Редакцијата на КУРИР повторно е мета на грозоморни закани. Досега ниту еден ваков случај не е разрешен иако за тоа имавме поднесено пријава во полиција, а на средби ги информиравме и претставниците на ЕУ и американската амбасада во Скопје.

Со оглед на ова, ги пренесуваме јавно заканите кои ги добиваме од лицето кое на својот Фејсбук профил е потпишан како Триамира Николов.

Освен на вработените во КУРИР, овој човек, посакува смрт и на нашите родители и на нашите деца!

Ваквата тортура мора да престане, а надлежните бараме ИТНО и КОНЕЧНО да реагираат!

Бараме сите надлежни институции, МВР, здруженијата на новинари ЗНМ и МАН, Хелсиншкиот комитет и меѓународните претставници соодветно да реагираат.

Ја прашуваме и власта: Дали е ова слободата на медиуми, заштитата на новинарите и демократијата за која со години од опозиција зборуваше?

Превземено од Курир

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here