По притисокот и критиките од јавноста во врска со доделените екстра плати меѓу членовите на Државната изборна комисија, тројца членови официјално поднеле оставки и притоа ги вратиле буџетските пари.
Претседателот на комисијата Алексаднар Чичаковски, членовите Игор Милев и Виолета Дума поднеле оставки до Собранието на Република Македонија.
Освен овие тројца членови на комисијата, останатите на чело со неприкосновената Силвана Бонева беа недостапни за разговор.
Симптоматичен е гестот на оставките и доаѓа во незгоден момент затоа што избор на членови во ДИК се бира во Собраниска процедура со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници во Парламентот. Бојкотот на собранието и неговата работа од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ не наговестува разрешница во брзо време