Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром побараа смена на Христијан Мицкоски

241
0
SHARE

Од ден на ден се множат иницијаторите за смена на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Денеска отворија „ЈуТјуб“ канал, на кој објавија видео во која велат дека поголем број од членови на општинскиот комитет Аеродром решиле да ја поддржат нивната иницијатива.

„Поддршката на идејата за свикување на вонреден конгрес во општинскиот комитет Аеродром е голема. Партијата е во очајна состојба. ВМРО ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството“, изјави Јоаким Димулков, ВМРО ДПМНЕ – Аеродром.

Но, на Фејсбук се огради претсдателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Аеродром. Тој вели дека тоа не став на комитетот, ниту пак воља на мнозинството членови.

„До партијата да нема доставено никаква иницијатива за конгрес ја открива намерата дека целта на овие луѓе е слабеење на ВМРО ДПМНЕ. Моите информации говорат дека од два обиди, скришно е снимена вчера изјавата која денеска се пушта. Тоа говори дека немаат поддршка и дека целта е да се окупира јавноста со други теми додека Аеродром, Скопје и Македонија тонат“, рече Дејан Митески, претседател на ОК Аеродром – ВМРО ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here