Членовите на избирачките одбори ќе добијат за 100% повисок надоместок

125
0
SHARE

Државната изборна комисија на денешната седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.

Членот на ДИК, Елизабета Постоловска рече дека едногласно се согласиле надоместокот на членовите на избирачките одбори да биде зголемен за сто проценти со оглед на тоа дека тие биле најдиреткно изложени на контакт со гласачите и биле изложени на најголем ризик за нивното здравје.

Таа истакна дека сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил усепешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски посочи дека сумите што се определени не отстапуваат од буџетскиот лимит, со оглед на тоа што се заштедени средства од предвидените за гласањето на дијаспората, како и за јавни набавки.

Тој уште еднаш нагласи дека техничкиот проблем што настана ноќта кога се објавуваа изборните резултати во никој случаи не влијаел на изборните резултати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here