Чоколадна торта (рецепт)

401
0
SHARE

Потребно е:
за бисквитното тесто:
6 јајца
80 г шеќер
2 лажици какао
60 г брашно
5 лажици млеко

за кремот:
150 г пире од костени
300 мл слатка павлака
300 мл млеко
1 пакување готов крем за колачи
100 г чоколадо

Подготовка:
Во еден сад убаво изматете ги жолчките од јајца со шеќерот. Додадете го какаото измешано со брашното и повторно убаво изматете.

Белките од јајца изматете ги убаво во густ шлаг. Додаде ги во горната смеса и полека измешајте со дрвена лажица.

На дното на калап за торта (со дијаметар од 24 см) ставете хартија за печење. Убаво премачкајте го со масло, сипете ја горната смеса и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40 минути.

Извадете го од рерна и оставете го да се излади. Потоа попрскајте го со млеко.

Пирето од костени изматете го со 100 мл слатка павлака.

Во друг сад сипете ладно млеко, додадете ја преостанатата слатка павлака и содржината од кесичката за готовиот крем. Матете со миксер додека не добиете густ крем.

Во кремот додадете го растопеното чоколадо и пирето од костени.

Веднаш нанесете го на изладеното тесто и израмнете го.

Тортата ставете ја во фрижидер да се излади и потоа послужете ја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here