Човек се запали во близина на Белата куќа

272
0
SHARE

Маж се запали на мала оддалеченост од Белата куќа во Вашингтон и во моментов го лекуваат службите за итни случаи, потврдија официјалните лица.

Американската тајна служба во твит соопшти дека човекот се запалил попладнево и добил прва помош од полицијата и од Службата на националниот парк. Пожарникарската служба на Вашингтон изјави за Си-ен-би-си дека „превезле пациент со изгореници“ и им помагале на полицајците.

Човекот се запалил во близина на Споменикот на Вашингтон. На снимките што беа објавени на Твитер се гледа човекот обвиен во пламен, а пожарникари трчаат кон него со противпожарни апарати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here