Благодатниот оган секогаш се чека на исто место и во исто време во црквата Воскресение на Исус Христос, односно гробот на Исус, во Ерусалим на Велика сабота, ден пред Велигден.
И оваа година се случи истото, а Благодатниот оган вечерва од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Благодатниот оган кај верниците претставувавидлива појава на Светиот дух и потврда за Христовото Воскресение.
Благодатниот оган и оваа година светна, а светлоста се рашири низ храмот, помеѓу верниците.