Дачиќ: Србија ќе ги брани Србите на Косово во случај на напад

382
0
SHARE

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави вчера дека Србија ќе ги брани Србите на Косово ако дојде до оружен напад врз нив и додаде дека тоа никој не може да ѝ го забрани.

„Не е закана, само предупредување“
Дачиќ: Србија ќе ги брани Србите на Косово во случај на напад

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави вчера дека Србија ќе ги брани Србите на Косово ако дојде до оружен напад врз нив и додаде дека тоа никој не може да ѝ го забрани.

„Ако КФОР не ја гарантира безбедноста на Србите, а на тоа е обврзан според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, и ако дојде до оружен напад врз Србите (на Косово), Србија ќе ги брани Србите. Тоа никој не може да ни го забрани бидејќи тогаш резолуцијата 1244 повеќе не е на сила“, кажа Дачиќ на конференција за новинарите по средбата со шефот на дипломатијата на Гранада Чарлс Питер Дејвид.

Шефот на српската дипломатија кажа дека тоа не е закана туку „само предупредување“ до косовските власти „да не си играат со оган“.

„Не е закана ако Србија каже „ако ги нападнете Србите ние ќе ги браниме“, кажа Дачиќ.

Тој наведе дека во Резолуцијата 1244 пишува дека КФОР е единствената безбедносна сила на Косово и дека неговата должност е да ја гарантира безбедноста и оцени дека тоа е „најважниот дел од Резолуцијата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here