Дали Хашкиот трибунал постхумно го амнестираше Слободан Милошевиќ?

519
0
SHARE

При изрекувањето на пресудата за Ратко Младиќ од страна на Хашкиот трибунал беше опфатен и челен кој го опфаќа и делувањето и активностите на Слободан Милошевиќ и Белград поврзани со одговорноста за војната во Босна и Херцеговина. Јутарни Лист пишува дека оваа одлука на мала врата го ослободнува Слободан Милошевиќ и Белград. 

Во пресудата стои дека судиите не нашле докази дека Слободан Милошевиќ или некој од неговите белградски колеги биле соучесници во здружениот злосторнички потфат.

Милошевиќ имал некакви врски со Караџиќ и Младиќ, но според Хаг, недоволно силни за да се смета дека е член на здружениот злосторнички потфат во чиј склоп се направени злосторствата во Босна и Херцеговина, пишува загрепскиот весник.

Иако Младиќ е обвинет дека злосторствата ги извршил заедно со Милошевиќ и неговите соработници во Белград, судиите во средата, читајќи го резимето од пресудата, го исфрлија лидерот на Србија и Југославија Слободан Милошевиќ.

Во пресудата се вели дека судиите не нашле докази дека Слободан Милошевиќ или некој од неговите колеги од Белград биле соучесници во здружениот злосторнички потфат, од 1991 година до крајот на 1995 година, со цел протерување на Хрватите и Бошњаците, тогашните „Муслимани“, од големи делови на БиХ во кои Србите сакале своја етнички хомогена држава, пишува Јутарњи лист.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here