Дали Стефан Богоев е новата дволична личност како Зоран и Заев? Едно кажува, друго прави.

650
0
SHARE

Додека Стефан Богоев дава изјави и соопштенија во врска со Зонското Паркирање на територија на општина Карпош и притоа вели дека тоа е само во главите на некои индивидуи и таканаречени портали, сакаме јавно да го прашаме:

Дали контактира со неговите партиски колеги кои членуваат во советот на град Скопје и неговиот колега Шилегов?

Стефан Богоев не комуницира со граѓаните на општина Карпош, не па со колегите од Скопје.

Дека тоа е така, потврди самиот тој обвинувајки и напаѓајки ги медиумите што ја информираа јавноста за она што се случи на 4тата седница на советот на Град Скопје.

Имено, на четвртата седница на советот на Град Скопје, советничката група на СДСМ, заедно со градоначалникот Шилегов, го усвоија инвестициониот план на Јавното Претпријатие Градски Паркинг- Скопје, каде јасно стои точка ПАРКИНГ  ПОВРШИНИ КОИ ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПЛАНИРА ДА ГИ ОСПОСОБИ во претстојната 2018та година.

Најпрвин е предвидено да се започне со платен паркинг на Улиците Мирка Гинова, Иван Аговски, Гиго Михајловски во Карпош1 како и паркингот на и околу Лептокарија.

Потврда за намерата на граѓаните на Карпош да плаќаат паркинг се веќе доделените кодови за испрќање пораки на овие улици. Кодовите се од D40 до D59, а за Лептокарија од D70 до D79.

Во понатамошниот план за оспособување на паркинг површини се наведени и Карпош2,Капош3,Карпош4 и Влае.

Дали со ова и Стефан Богоев целосно се вклопува во измамничкото владејачко СДСМ-овско друштво? Едно зборуваа во избори, а денес го прават сосема спротивното.

Махерство за земање пари од џебот на граѓаните.

Брцкање во џебот на граѓите е манир на џепароши. Енормно го покачија дизел горивото, се обидоа да ја покачат цената на водата, а сега и воведуваат и платен паркинг таму каде што нема никаква потреба.

Дали единствена цел им е да обезбедат доволно пари за финансирање на партиските потреби на СДСМ и расипничкото однесување на нивните функционери?

Наместо обвинувања, Стефан Богоев треба да им образложи на граѓаните на Карпош дали ова е уште една двојна игра од типот на “едно зборам, друго правам” како што практикуваат неговите ментори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here