Дане Гаврилоски: Ножот е во сопственост на потомок на еден од преживеаните војводи, а јас имав задоволство да го репарирам.

608
0
SHARE

Дане Гаврилоски од Гостивар , изработувач на ножеви со потпис *“DGKnives”*.
Половина живот го посветил на создавањето ножеви, најпрво учејќи ја мајсторијата од својот дедо и усовршувајќи се до најситните детали. Малку необично,но вистинито: Гостивар можеби многу не знае за него и неговите ножеви,
но тие се доста барани и познати како квалитет надвор од границите на земјава, во САД, Англија и на Балканот.

По повод роденденот на Гоце Делчев на својот профил објави фотографија на нож кој он го репарирал а ножот бил во сопственост на еден војвода кој бил со Гоце Делчев на битката во Баница каде што Гоце е убиен и напиша:

“На денешен ден е роден Гоце Делчев, еден од најголемите Македонски херои.Овој нож бил од еден од преживеаните комити и бил директен сведок на едно од најголемите предавства што се случиле на оној другиот датум поврзан со Гоце Делчев, кобниот 4-ти Мај 1903….. битката во Баница каде што Гоце бил убиен.
Ножот е во сопственост на потомок на еден од преживеаните војводи, а јас имав задоволство да го репарирам.
Од сите ножеви што сум ги видел досега овој има најинтересна историја.”

На денешен ден е роден Гоце Делчев, еден од најголемите Македонски херои.Овој нож бил од еден од преживеаните комити и…

Posted by Dane Gavriloski on Monday, February 4, 2019

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here