Дарко Митревски: Оваа омраза кон вас не можам да ја задушам

571
0
SHARE

Режисерот Дарко Митревски, автор на најгледаните македонски филмови Трето Полувреме и Балкан Кан со потресно лично сведоштво за начинот на кој му минуваат деновите по ланскиот 17 јуни кога беше потпишан Преспанскиот:

“Поминаа година дена од вашиот тнр. “историски” Преспански договор со кој најкабадахиски го погазивте сето она што јас (и стотици илјади такви како мене) го сакав(ме).

И ете, денес налетувам на оваа изведба https://off.net.mk/video/muzika/pej-ni-za-angja-kalesh-manco, песна која пее за свет кој мене некогаш цел еден универзум ми значел…

И нагло ми се разденува, те сфаќам дека во тие година дена немало ден во кој што не сум ве мразел: вас кои го потпишавте, вас кои агитиравте за него, вас кои го гласавте, вас кои вртевте глава откако гласањето ви пропадна, вас кои ми бевте пријатели, вас кои ме учевте на едно, вредно за робија – а напраивте нешто сосема друго, невредно за спомен.

И горчливо ми текнува дека сиот свој живот сум се придржувал до учењето на Мастер Јода кој вели “Hate leads to suffering.” заради што не сум поарчил ниту секунда да мразам никого: ни човек со поинаква идеологија, ни некој од друга нација или раса или вера или сексуална определба, ниту зол комшија ниту бивша љубов ниту претворен пријател…

Ама ете, оваа омраза кон вас не можам да ја задушам. Таа ми е сефте, на стари години. И не се гаси ко што некои љубови се гасат. Против неа ниту Јода не ми помага. И токму затоа таа омраза од ден на ден расте: заради сето она човечко, убаво и прекрасно што го убивте во мене”, вели режисерот Дарко Митревски во емотивната порака по повод првата годишнина од Преспанскиот договор.

Извор expres.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here