Денес е задушница – Запалете свеќа за оние кои не напуштиле

301
0
SHARE
Antique candle burning in a dark room. Christmas Eve, divination, yuletide. Christmas backgrounds. holiday rituals, religion, spirituality, zen. space for text, close-up, copy space.

Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори сè до следната Задушница. Исто така, постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, оние кои не напуштиле една година ќе бидат во мрак.

На овој ден се посетуваат нивните вечни почивалишта каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за нив. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за мир на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива.

Кој не може да оди на вечните почивалишта, тој треба да запали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат вешните почивалишта, со спомнување за спас на душата на оној кој не напуштил. Обичај е таму да се носи онолку свеќи колку што почивалишта се посетуваат.

Доколку на почивалиштето некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од местото.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here