Според договорот помеѓу пратеничките групи на власта и опозицијата во Собранието, денеска треба да се конституира Државната изборна комисија која би била од времен карактер со траење од шест месеци, со главна задача да го организира референдумот за договорот со Грција и евентуалната промена на изборниот модел.
Како што претходно најави власта,17 јули би можело да биде датата за распишување на референдумот, а тој би се одржал на средината или крајот од септември.