Денес се чека пресудата за „27 април“ за 17 обвинети

189
0
SHARE

Меѓу обвинетите во предметот останаа екс шефот на БЈБ Митко Чавков кој завчера повторно беше спроведен во притвор поради сомнежи на обвинителството од бегство.

Потоа собраниските службеници Митко Пешов, Душко Лазаров и Горан Ѓошевски – Леви, оперскиот пејач и еден од водачите на протестите за Заедничка Игор Дурловски, но и Игор Југ, Никола Митревски Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

Обвинителството за организиран криминал ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, дело за кое им се заканува казна затвор од минимум 10 години.

Случајот го судеше судијката Добрила Кацарска која неколку дена пред финишот на судењето рече дека и треба подолго време од законски утврдениот од три дена за објава на пресудата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here