Советот на Град Скопје на денешната петта седница треба да ги донесе предлог-одлуките за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење, за тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води и за утврдување на тарифата за прочистување на отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“ за периодот од 2018 до 2020 година.
Жителите на Скопје ќе плаќаат за вода поскапа од досегашната, за прочистување на отпадните води предложената цена е 2,04 денари, според предлогот на Душко Весковски од СДСМ директор во ЈП „Водовод и канализација“
Советниците ќе разгледуваат повеќе предлог-одлуки за укинување на Програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје и за укинување на Одлуката за изглед на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на Градот Скопје.