ДЕСЕТТИ ДЕН КАМПАЊА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

275
0
SHARE

На десеттиот ден од кампањата, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во скопските општини Бутел и Карпош.

Карванот на коалицијата „Заедно напред“ на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ќе биде во Јегуновце, Теарце и Брвеница. Пендаровски ќе има трибини со граѓаните од овие три општни, а вечерта ќе се обрати на митингот што ќе се одржи на градскиот плоштад во Тетово. Покрај Пендаровски, на митингот ќе се обрати и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Претседателскиот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од БЕСА и Алијансата на Албанците, ќе има средба со докторите од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, почнувајќи од канцеларијата на д-р Арбен Таравари. Вечерта ќе има средба со граѓаните во Брвеница.

Во досегашната кампања меѓу клучните теми на кандидатите беа Договорот од Преспа, пpoблемот со мигpaцијaтa на младите, пepcпективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, но и дневно политички теми.

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here