ЏАФЕРИ: Ако нема цензус, на 12. мај ќе ја преземам функцијата в.д Претседател на Македонија

844
0
SHARE

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното издание на „Click Plus“ го објаснуваше процесот на избори во втор круг како и потребниот цензус од 40%. Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40%, на 12. мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија.

Како што веќе објавивме, Џафери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, повика на масовна излезност в недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Во вториот круг на изборите закажан за 5-ти мај, во трка се двајцата кандидати за претседател со најповеќе освоени гласови во првиот круг, односно Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

Извор Инфомакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here