Џафери денеска ќе биде повторно избран за претседател на Собранието?!

161
0
SHARE

Досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, се очекува денеска да биде реизбран на оваа функција.

Изборот на Џафери за собраниски спикер го најави вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по состанкот на Централниот совет на партијата.

Џафери беше предложен повторно да претседава со Собранието, во рамки на договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владината коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број на пратеници, а парламентарното мнозинство го сочинуваат 62 пратеници, од кои 46 пратеници на СДСМ, 15 на ДУИ и еден на ДПА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here