Џафери од денес ги води седниците на албански јазик (Видео)

386
0
SHARE

Седниците со пратенички прашања од денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери ги води на албански јазик.

Оваа можност ја има со новиот закон за јазиците кој веќе стапи на сила. Во однос на поставувањето на двојазични табли на зградата на Собранието, Џафери рече дека ќе се испочитува рокот од шест месеци, но ќе почека тоа да се спроведе со промената на името на државата, па да не се прават двојни трошоци.

Собрание

Џафери од денес ги води седниците на албански јазик

Posted by Infonews mk/ ИНФО ВЕСТИ on Thursday, January 31, 2019

Во однос на парламентарните избори, Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе чека договор меѓу партиите за да ја стави на дневен ред иницијативата за распуштање на Собранието и организирање предвремени избори, што ја достави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека е нецелисходно да ја стави како точка на дневен ред само колку за да има дискусија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here