Џафери тактизира за оставката на Груевски

219
0
SHARE

На претпладневната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствува претставник на ВМРО-ДПМНЕ, не е донесена конечна одлука дали оставката на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој избега од земјава и доби политички азил во Унгарија, ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница.

Од кабинетот на Џафери рекоа дека тој во текот на денот ќе се сретнел и со координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицески, по што ќе го соопштел својот став.

Доколку претседателот сепак одлучи Собранието да не ја прифати писмената оставка на Груевски, тогаш на утрешната собраниска седница, пратениците ќе треба да гласаат за одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечното отсуство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here