Одделот за внатрешна безбедност на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) предупреди дека во Брисел работат стотици руски и кинески шпиони, пренесе „Дојче веле“, цитирајќи европски дипломати.
Според овој извештај, ЕЕАС проценува дека во Брисел моментално дејствуваат околу 200 руски и 250 кинески разузнавачи.
Дипломатите се предупредени да избегнуваат одредени локации, меѓу кои и популарен ресторан и кафуле во близина на главната зграда на Европската комисија и седиштето на ЕЕАС.
Руските и кинеските разузнавачи главно работат во амбасадите и трговските мисии на своите земји, според овој извештај.