Непотизам до 3то колено во АВРМ, директорката Јовановска си ја вработила половина фамилија?

1115
0
SHARE

Директорката на АВРМ Биљана јовановска, не само што има градежно-реконструктивни аспирации, туку и непотизмот е една од главните својства на нејзиното делување. Таа беше сменета откако потроши над 600.000 евра за реконструлција на Скопската агенција за вработување.  Сега пак, се шета заедно со нејзиниот сопруг по градовите во внатрешноста на Македонија, за да види каде е потребна реконструкција и реновирање, веројатно за ново офајдување.

Оние што ја познаваат велат дека има станови во Аеродром и Лисиче, куќа во Лисиче и викендичка. Дали Биљана Јовановска, раководната функција ја користи за лично богатење и вработување за своите роднини, се прашуваат вработените во агенцијата за вработување!?

Директорката Јовановска по нејзиното доаѓање на раководната функција во Агенцијата за вработување на Република Македонија, си ги има вработено сестрата на сопругот, Трпана Бисовска, синот на сопругот, Никола Ѓуровски, внук од другата сестра на сопругот, Горан Петровски, страросватицата Слаѓана Ангелвска, која ја промовира како претседателка на општинската Аеродром на “нејзината партија”.

Вработени во АВРМ кои се крајно револтирани прашуваат, дали има крај на самоволието и непотизмот на директроката Јовановска?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here