Дневен хороскоп 23.05.2019

394
0
SHARE

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да не ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Месечината ќе ви донесе многу нови можности.

Бик (21.04 – 21.05)

Финансиската ситуација ви е променлива, и тоа ве прави нервозни. Внимавајте на односите со партнерот. Врската ви е во криза и може да добиете екстремни идеи. Прекинот не е она што ви треба во моментов. Семејството нема да ги подржи вашите очајни потези.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ве очекува изненадување од претпоставениот. Освен што ќе добиете признание, можно е и покачување. Ако очекувате наследство, можно е тоа да биде поволно решено и конечно да го добиете она што одамна го очекувате. Партнерот го очекува вашето внимание. Не дозволувајте да се чувствува осамено.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе се двоумите што прво да направите и кои обврски да ги завршите, но сепак свесни сте дека се треба да е завршено. Денес одложете го уживањето и одморот и посветете им се на обврските. Наскоро ќе бидете парично наградени за вашите залагања.

Девица (23.08 – 22.09)

Имате вистински проблеми кога луѓето кои одлучуваат не успеваат да ве разберат. Единствен начин да се извлечете од таквата ситуација денес е трпението и концентрацијата, бидејќи во спротивно ќе ви остане горчлив вкус во устата. Длабоко вдишете и почнете повторно, ќе се исплати.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе сакате да разговарате со вашиот претпоставен околу платата, но тој ќе го одложи разговорот за некој друг ден. Не размислувајте за штедење, вие сте преголем хедонист и такво нешто нема да ви одговара. Ако пријателите ве повикаат да ја поминете вечерта со нив, прифатете ја поканата. Ве очекува пријатна вечер.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате вложено голема надеж во проектот кој го работите во тајност. Денес ќе се двоумите кому прво да му ја кажете идејата, дали на пријателите или на фамилијата. Размислете добро, дали воопшто нешто да кажувате. Партнерот ќе помисли дека е тоа само една од вашите фантазии, а пријателите повеќе ќе сакаат да се забавуваат отколку да ве слушаат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес е еден од оние денови кога имате чувство дека само вие работите, а другите околу вас се извлекуваат. Можеби, не сте далеку од вистината, но вашиот труд нема да остане незабележан. Постои можност денес вашите претпоставени јавно да ве пофалат и да ви ветат награда. Вашиот партнер ќе биде многу горд на вашите успеси.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе добиете идеја околу одење во странство или работа со странци. Еден помлад пријател, кој се наоѓа надвор од земјава, ќе ви вети помош. Но треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа седнете и добро размислете.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ситуацијата на работното место е напната и немојте додатно да ја бранувате со вашите постапки. Ако сте невработени, денес може да добиете шанса која одамна ја очекувате. На одговор ќе чекате подолго време, но не обесхрабрувајте се. Ситуацијата со партнерот е мирна и стабилна.

Риби (20.02 – 20.03)

Ова е особено поволен период за зголемување на финансиите. Денес е можно да отидете на неколку состаноци кои ќе се одвиваат токму онака како што сте замислиле. Ако сте невработени, ќе имате можност да избирате. Ќе добиете повеќе понуди, и вам ви останува да размислите што е најдобро за вас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here