Дневен хороскоп 24.06.2019

282
0
SHARE

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете трезвени практични и внимателни. Во меѓучовечките односи покажувате нетрпение.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе ви се заострат семејните односи а треба додатно да се внимава и на љубовните врски, бидејќи ќе бидете склони кон љубомора, вербални судири и чудно расположение. Негувајте го оптимизмот и покажете ги вашите способности, ако сте се двоумеле за некое патување тогаш не го одложувајте.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.

Рак (22.06 – 22.07)

Правилно ќе ја насочите вашата енергија и потребата за делување, така што ќе можете да направите чуда. Спојот на срцето и главата ќе ви помогне и во работата и во приватните одлуки. Немојте да дозволите грешките од минатото да се повторат или да ве вовлечат во нов круг без излез.

Лав (23.07 – 22.08)

Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа.

Девица (23.08 – 22.09)

Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.

Вага (23.09 – 22.10)

На работното место на проблемите ќе им пристапите многу храбро, со деловните партнери ќе најдете одлично решение, а службените дружења завршете ги со кафенце или деловна вечера. Вашиот шарм е многу драгоцен во ваквите моменти, па слободно искористете го денес.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Деловните разговори, соработката со колегите, учењето и др. ќе ви го пополнат денешниот ден. Решавањето на еден проблем во вас создава неудобност. Можеби ќе имате и некои непредвидени тешкотии од кои ќе биде разнишана вашата самодовреба. Бидете храбри и одлучни.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денеска ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашиот деловен живот ќе почне да се претвора во нешто, што би можело убаво да се развива и да има солидна иднина, па дури и добра материјална заработувачка. Можете слободно да започнете со приготвувањето на новите планови. Во сериозните врски можеби ќе ја изгубите довербата во вашиот партнер.

Водолија (21.01 – 19.02)

Љубовните односи ќе ви бидат во втор план. Рационални и практични, секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека другите сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри.

Риби (20.02 – 20.03)

Нешто повеќе се подобрува расположението. Емотивната нестабилност не е вистинска подлога за љубовни успеси. Вашите интереси повеќе ќе се движат на работен план, па затоа е можна привлечност на работното место, па дури и флерт со колегата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here