ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК (02.04.2020)

104
0
SHARE

Овен

Интуицијата нема да ве лаже денес. Ќе бидете поангажирани од вообичаеното. Можеби ќе треба да го одбраните работното место или да го заштитите вашиот бизнис. Фокусирајте ги вашите мисли на сегашноста, а не за иднината.

Бик

Можеби ќе мора да се справите со неколку работи истовремено. Можно е да наидете на туѓи грешки. Направете ги работите како што треба, но немојте да бидете презаситени од сите критики и одговорности.

Близнаци

Ќе ги исполните сите обврски освен ако не ви се оддалечи вниманието. Побарајте начин да соработувате со другите. Ако некој ве повредил, заборавете и покажете дека тоа остана во минатото.

Рак

Упорноста е добра работа, сè додека не се претвори во инат. Ако колегите не се согласуваат со вашите концепти, не брзајте да ги осудувате и да се лутите на нив. Анализирајте ја нивната гледна точка. Може да ги подобрите резултатите ако направите некои прилагодувања.

Лав

Да ги покажете своите вистински чувства не ве прави ниту послаб, ниту зависен. Бидете искрени со вашите најблиски, и со колегите. Темпото на работа денес ќе зависи од вас. Разгледајте ги информациите што ги имате и побарајте прилагодени решенија.

Девица

Денес може да има два извори на потешкотии: дополнителна работа или компликации во околината. Тие ќе го минимизираат личното време што го имате. Останете смирени и не претерувајте. Најважно е да не ја измамите довербата на вашите партнери.

Вага

Размислете за тоа дали можете да ја направите промената за која сте сигурни дека ви е потребна, не одложувате. Избегнувајте разговори на теми за кои не би сакале да дискутирате и би жалеле.

Шкорпија

Обидете се да имате широка дискусија за сите сомнежи за тековната работа што се релевантни за целиот тим. Прегледајте ги фактите индивидуално и заедно. Воздржете се од остри изјави што ќе му наштетат на вашето добро име.

Стрелец

Ќе ве потсетат на минато за кое не сте особено горди. Непотребно е да се одрече или оправда, секој има лоши периоди. Подобро покажете дека сте одговорни. Бидете внимателни, не може да се исклучат финансиски проблеми.

Јарец

Промените што ќе се случат денес ќе бидат предизвикани од надворешно влијание и ќе мора да ги прифатите како што се. Размислете и искористете што е можно повеќе. Избегнувајте непотребни разговори и контакти. Тие нема да ви дадат никакво задоволство.

Водолија

Не одговарајте веднаш на новите предлози. Дајте си време да размислите и да анализирате. Со партнерот денешниот ден ќе го искористите за кино во домашна изолација.

Риби

Порака или инцидент ќе ве вознемират. Не обидувајте се да го направите тоа сами, ќе ви биде тешко да ја процените ситуацијата објективно. Едно лице од далечното минато ќе ви понуди помош. Прифатете го тоа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here