Договорот од Преспа го промени и Македонскиот Јазик, сега Грците го нарекуваат и јужнословенски јазик!

352
0
SHARE

Со договорот од Преспа се промени и Македонскиот Јазик, сега Грците го нарекуваат и јужнословенски јазик!

Во оглас објавен во Службен весник, Министерството за цивилна заштита на Грција, бара лица со познавање на македонски јазик за вработување во грчката Националната агенција за разузнавање, што воедно е и првата официјална употреба на овој термин, по стапувањето во сила на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Секако, во огласот во делот во кој се наведени јазиците што треба да ги познаваат кандидатите, кај македонскиот јазик, во заграда стои „јужнословенски“.

Националната агенција за разузнавање на Грција, отвори оглас за пополнување на 302 работни места, а во одделот за преведување, толкување и сослушување, вработува 56 лица со познавање на: англиски, француски, германски, шпански, италијански, арапски, бугарски, еврејски, руски, турски и како што пишува во огласот „македонски (јужнословенски) јазик“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here