Договорот за името со Грција денес повторно на гласање пред пратениците

405
0
SHARE

Пратениците денеска  по вторпат  треба да го гласаат законот за ратификација на договорт со Грција, откако претседателот Иванов одби да го потпише указот и го врати во Собранието.За да биде изгласан законот потребни се гласовите на 61 пратеник, а потоа тој повторно ќе биде доставен до претседателот на државата.

Се очекува  дека и по второто гласање Иванов нема да го потпише Указот за законот за ратификација на договорот за името и оти ќе го примени т.н. џебно вето, како што направи со Законот за употреба на јазиците.

Според претседателот, договорот со Грција  е спротивен на Уставот и ја доведува македонија во состојба на потчинетост и зависност од друга држава, како и дека во изборната кампања во 2014 ветил дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и без против и воздржани.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на првото гласање за ратификацијата на договорот, а и за денеска најавија дека нема да присуствуваат во собраниската сала.  За ВМРО-ДПМНЕ овој договор со Грција е капитулантски за Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here