Ќерката на поранешнот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, е вработена во државната компанија МЕПСО, каде што добива плата од 36.500 денари, потврдуваат од таму за „Фокус“. Информацијата вчера на својот фејсбук профил ја објави новинарот Зоран Божиновски, кој рече дека Фиторе потпишала договор минатата недела.
Втората ќерка Улпијана Бејта е вработена во Телеком во секторот маркетинг.
Само за потсетување, во Телеком е издадена наредба 20% од вработените да напуштат, но тоа очигледно не важи за луѓето блиски од власта.
И додека во државава народот секојдневно се соочува со притисоци, отпуштања и борба за парче леб, децата на функционерите уживаат во благодетите на власта.