Доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се договорат за ДИК, виси одржувањето на референдумот

478
0
SHARE

Претседателот на Собранието Талат Џафери бара партиите да ги достават своите предлози за членови на Државната изборна комисија. Собранискиот спикер, иако вели дека нема зошто да го чека меѓупартискиот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сепак признава дека не може да обезбеди избор на нов состав на ДИК без нив поради 2/3 мнозинство.

Џафери вели дека и покрај закочениот избор на ДИК, референдумот не е доведен во прашање.

Според претседавачот на комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, и да биде закажана седница на оваа комисија, истата ќе пропадне бидејќи не е постигнат договор меѓу партиите.

По НАТО Самитот во Брисел премиерот Заев  најави средба на партиите во Собранието, на која ќе бидат утврдени елементите на референдумот и деталите за прашањето што ќе се постави. Од друга страна, членовите на ДИК се избираат со 2/3 мнозинство што значи дека неопходни се гласови од мнозинствотов о законодавниот дом, но и од опозицијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here