ДОМ глуми опозиција, наместо да ја напушти власта

303
0
SHARE

Единствената партија во владата со јасен еколошки предзнак Демократската обнова на Македонија на Лиле Поповска која сега ја води Маја Морачанин глуми ОПОЗИЦИЈА.

Наместо да ја напушти власта во знак на протест против еколошката катастрофа со загадениот воздух ДОМ бара од владата да спроведе мерки како да е опозиција а не дел од власта.

Во соопштението на ДОМ се бара:

Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати на индустријата, сервисите, дивите депонии и запалените стрништа

Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитетиСтопирање на сите градежни активности во градските средини

Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколниците

Воведување “зелена зона” за пешаци, велосипедисти и јавен превоз во централните градски подрачја

Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај

Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобусиРедовно собирање на сметот и одржување на јавната хигиената

Интензивирање на реализирањето на краткорочните, среднорочните и долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, односно транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира до граѓаните: да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво или медијапан, да користат јавен градски транспорт, a при превоз со автомобил, да споделуваат превоз (повеќе патници во еден автомобил)”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here