Драматичната состојба на северот на Косово трае: Забележано раздвижување на Војската на Србија

942
0
SHARE

По упаѓањето на специјалната косовска полициска единица РОСУ утринава во српските општини на северот на Косово, во Белград е закажана итна седница на Советот за национална безбедност на Србија.

Како што пишуваат српски медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ ги предупредил претставниците на ЕУ дека Србија ќе реагира ако припадниците на РОСУ не се повлечат од северот на Косово. Според неофицијални информации, забележано е и раздвижување на српската војска во касарната во Краљево, каде што се раздвижиле и оклопните возила, наведува „Танјуг“.

Припадниците на РОСУ пред околу еден час ја пробиле барикадата во селото Зупче, а слични судири имало и во Зубин Поток. Според досегашните информации, РОСУ уапсила 13 луѓе, еден нејзин припадник бил ранет, а има информации дека во нередите биле ранети и двајца Срби.

Бројот на полицајци повредени во полициската акција на север се зголеми на пет, пишува Клан Косова.Информацијата ја потврди портпаролката на болницата во Косовска Митровица, Нита Мустафа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here