Драмски театар и Општина Кисела Вода ќе одржат Комеморација во чест на прерано починатата актерка и екс-градоначалничка, Билјана Беличанец.

417
0
SHARE

Комеморацијата во општината Кисела Вода ќе се одржи утре со почеток во 15 часот во новоизградениот дом на Културата во Кисела Вода.

Драмскиот театар, најави Комеморација за нивната колешка, во вторник во 10 часот.

Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир, напишаа од нејзината матична куќа.
Беличанец остави неизбришлива трага, има одиграно 30тина театарски ликови, а беше добитник и на 4 домашни и маѓународни награди за најдобро актерско остварување.

Полицијата синоќа добила пријава за смртта на актерката Билјана Беличанец. Како што информираа од МВР, нејзиниот сопруг пријавил дека во неговиот стан, го пронашол безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here