ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ВРАЌА НА РАБОТА ОД 1 ФЕВРУАРИ

148
0
SHARE

Од први февруари државната администрација се враќа на работа. Од 20 октомври по есенскиот бран и зголемениот број случаи на ковид-19, административците работеа од дома, одеа на работа во ротации или во смени по 4 часа.

Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од први февруари се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За конечна одлука ќе биде земена предвид препораката на Комисијата за заразни болести којашто ја следи епидемиолошката состојба во однос на коронавирусот во државата.

Државната администрација не оди на работа од почетокот на пандемијата на ковид-19. Во март со цел да се спречи ширење на вирусот, Владата донесе одлука административците да работат од дома. Дел од нив беа вратени на работа во јуни, но голем број продолжија да не одат бидејќи ослободени од одење на работа беа бремените жени, хронично болни, како и родителите на деца до 10 години.

Со отворањето на градинките во септември и почетокот на учебната година мерката веќе не важеше, па оние административци кои ја користеа мораа да се вратат на работа. Но, одењето на работа траеше еден месец бидејќи во октомври беше донесена нова одлука за работа од дома или во смени и ротации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here