Душко Тодевски назначен за стечаен управник за Еуростандард банка

296
0
SHARE

Судот преку кој ќе се води стечајната постапка на Еуростандард банка, информира дека е отворен стечај врз банката во петокот минатата недела.

Стечајот ќе го води стечајниот управник Душко Тодевски, а првото рочиште за утврдување на договирте на банката ќе се одржи на 10 октомври годинава.

„Поради големата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ–123/20 од14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.

По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат.“, велат од судот.

Инаку, пребарувањето покажува дека во април 2018 година Душко Тодевски бил назначен за стечаен управник на Експорт импорт банката на Методија Смиленски, на која и беше одземена дозволата за работа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here