ДВИЖЕЊЕТО БЕСА ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК

523
0
SHARE

Движењето „ Беса“, по внатрепартискиот раскол, кој се случи пред извесно време, се соочува со нов предизвик. Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски, на одговор на новинарско прашање, дали е отворена можноста Беса да партиципира во Владата по пролетна мини владина реконструкција, новинарите ги упати да го бараат тој одговор кај партиите, бидејќи тоа било „ предмет на партиски договор“. Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, исто така  децидно не ја отфрли можноста БЕСА да биде нов владин коалициски партнер, но се поставува прашањето која БЕСА? Онаа за чиј легитимен претседател се уште се објавува нејзиниот претседател Биљал Касами, или претставниците од т.н „ скопско крило“ предводени од пратеникот Неџбедин Карамани. И двете фракции за сега тврдат дека го имаат легитимното право врз движењето, но последните случувања упатуваат на внатрепартиски расцеп, кој тешко може да се надмине. Вклучувањето на крилото на Касами во Владата предводена од премиерот Зоран Заев, се толкува како пополнување на двајцата пратеници, кои сега не се дел од парламентарното мнозинство, а доаѓаа од редовите на Алијансата за Албанците. Премиерот и лидер на СДСМ, неколку пати истакна дека Владата има мнозинство, и дека е стабилна, но изборот на Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, од трет обид е доказ дека тоа мнозинство е на „ стаклени нозе“, и се крепи со гласовите од  независните пратеници Чедомир Саздовски ( Граѓанска Опција за Македонија), Амди Бајрам ( Сојузот на Ромите на Македонија) и Јусуф Хасани ( Демократска партија на Турците во Македонија), кои решија да излезат од „ Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и да дејствуваат како независни пратеници во законодавниот дом на Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here